Пеп пак се жали: Откри што му недостига сега – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/19 2:55 PM

Пеп пак се жали: Откри што му недостига сега

Актуелниот менаџер на англискиот шампион, Пеп Гвардиола и ова лето нема намера да одмори од трансфер пазарот. Напротив, Шпанецот на клупата на „граѓаните“ планира да се засилува и откри на која позиција.

Проблематична е одбраната, поточно централната дефанзивна позиција каде што Манчестер Сити во моментов ги има само Џон Стоунс, Ајмерик Лапорт и Николас Отаменди, а заменик на Винсан Компани, кој си замина по крајот на минатата сезона, се уште не е пронајден.

„Винсен беше многу важен дел од нашиот тим. Кога беше здрав, тој секогаш беше подготвен за да биде стартер. Тој влијаеше не само на нашата игра, но и на целата атмосфера во соблекувалната. Не знам дали е можно човек како него да биде заменет, но имаме неколку кандидати и сакаме да привлечеме некој од нив. Дури и да не најдеме таков играч, сепак имаме тројца доволно искусни играчи во центарот на одбраната, како и две момчиња од младинските формации, кои можат да ни помогнат“, истакна Пеп.

Извор: sportclub.mk