Шведскиот производител на автомобили „Волво“ повлеку повеќе од милион возила бидејќи некои делови од моторот може да се растопат
. Од компанијата наведуваат дека во најлош случај проблемот може да предизвика пожар. Во долгата историја на „Волво“ таков случај не е забележан.
Според шведската телевизија СВТ, проблемот се однесува на моделите со четири цилиндрични дизел мотори произведени од 2014 до 2019 година. Ова се модели V40, V60, V70, S80, XC60 и XC90.
Ова е уште една лоша вест за ,,Волво“ откако забележа пад на добивката во вториот квартал од 2019 година и покрај значителното зголемување на продажбата.
а1.мк