Истекува ,,ултиматумот“ на Геровски до Кики и Фрики – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/19 1:32 PM

Истекува ,,ултиматумот“ на Геровски до Кики и Фрики

Денеска околу 18 часот изминуваат точно 48 часа откако новинарот Бранко Героски, преку
колумна со наслов „Јавна порака до Фрики и Кики – еве што треба да сторите во следните 48
часа!“, им упати своевиден ултиматум на функционерите од власта вмешани во случајот „Рекет“.
Героски во саботната колумна не наведе што точно ќе се случи ако двајцата функционери зад
не толку мистериозните псевдоними не го направат она што тој им го советува – „под итно“ да:
1) испратат писмо до премиерот Заев во кое ќе понесат одговорност за тоа што со своето
однесување го искомпромитирале, покрај себе, и него и нивната партија, и во кое ќе ја понудат
својата оставка на сите функции; и
2) да се јават кај надлежниот обвинител и да му се понудат да бидат на располагање за сите
потребни информации во врска со милионскиот рекет, поради нивните блиски контакти со лицето Коки и нивната граѓанска должност да соработуваат со истрагата, дури и по цена да бидат осомничени.

Сепак, безбедно е да се претпостави дека ако „Кики“ и „Фрики“ не го послушаат „без одлагање“
неговиот „најдругарски предлог“, новинарот ќе објави повеќе детали околу идентитетот и
вмешаноста на двајцата високи функционери во власта и партијата во случајот „Рекет“, макар
што и во оваа саботната колумна веќе објави дел од нив, со тоа што нагласи дека досега
никогаш ниту тврдел, ниту напишал дека двајцата функционери заедно со
осомничените рекетирале или лично се офајдиле од рекетот. „За тоа не знам. Тоа треба да го
провери истрагата“, напиша Героски.

365.com.mk