Сеад Кочан мора в затвор – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/19 12:42 PM

Сеад Кочан мора в затвор

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да му се одложи извршувањето на затворската казна од четири години и осум месеци.

Откако еднаш Судот го одби, Кочан, кој требаше да се јави во затворот во Идризово на 17 јули, поднесе уште барање да му се одложи казната поради нарушена здравствена состојба. Судот ја разгледал медицинската документација и донел решение со кое го одбил барањето на Кочан како неосновано.

„По добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна на еден од обвинетите во конкретниот предмет, како и разгледување и ценење на истaтa, на 19.07.2019 година донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано“, соопшти Кривичниот суд.