Лифт за лица со физичка попреченост во ОУ „Ѓорѓија Пулевски” во Аеродром – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/19 11:45 AM

Лифт за лица со физичка попреченост во ОУ „Ѓорѓија Пулевски” во Аеродром

Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски” во Аеродром ќе добие лифт со што ќе се овозможи и олесни движењето на лицата со физичка попреченост до и во самиот објект.

Изградбата на лифтот почна деновиве и се очекува да биде завршена пред почетокот на новата учебна година.

Вредноста на лифтот е  околу 57 илјади долари и е донација од Американската амбасада.