Врз Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, на денешен ден во 1993 година беа истрелани 3.777 гранати, сите во еден ден. Тие направија огромна штета на цивилните, културните и на верските објекти, а убија и многу луѓе, пишува „Дневни аваз“. За време на опсадата, во Сараево просечно дневно паѓаа по 329 гранати.
Опсадата на Сараево траеше четири години, а на ридиштата и планините над него беа стационорани 120 минофрлачи и 250 тенкови на ЈНА, кои потоа завршија во рацете на војската на Република Српска. Во текот на опсадата, во Сараево се убиени 12.000 луѓе, од кои 1.500 деца, а 50.000 луѓе беа полесно или потешко ранети.
Опсадата почна со заземањето на меѓународниот аеродром од страна на ЈНА во ноќта помеѓу 4 и 5 април 1992, а заврши на 29 февруари 1996 година.