Во Собранието на Република Северна Македонија седници денеска ќе одржат Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните и Законодавно-правната комисија.
Јавна расправа на тема „Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во РСМ” денеска ќе одржи Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните.
Законодавно-правната комисија, пак, ќе одржи продолженија на две седници на кои на дневен ред се Предлог законите за основно образование и за наставниците и стручните соработници во основните училишта, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на пациенти, сите во прво читање. Меѓу точките се и измените и дополнувањата на Законот за возила и на Законот за земјоделско земјиште, двата во второ читање, како и измените и дополнувањата на Законот за основање на Агнеција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во прво читање.
МИА