Харадинај пред судот во Хаг на 24 јули – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/19 6:26 AM

Харадинај пред судот во Хаг на 24 јули

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, некогаш еден од командантите на тогашната ОВК, кој вчера си даде оставка, за неколку дена ќе замине во Хаг каде на 24 јули ќе се појави пред судот. Приштински медиуми пренесуваат дека тој таму ќе се појавел како осомничен.

Харадинај на крајот на седницата на Владата на Косово соопшти дека поднесува неотповиклива оставка, а како причина за тоа ја наведе поканата да даде исказ пред Специјалниот суд во Хаг во својство на осомничен за воени злосторства.

„Сакав честа да ја одвојам од судската покана. Не оди државата Косово и премиерот на суд, туку Рамуш Харадинај. Не сум обвинет за било што, одам на сослушување“, им рече Хардинај на новинарите потоа.

Се огласи и претседателот Хашим Тачи, кој рече дека за оставката на Харадинај дознал од медиумите.

„За жал, дознав дека и мојот советник Бислим Зијапи, како и уште некои некогашни офицери на ОВК, добиле покана од специјалниот суд во Хаг“, рекол Тачи.