Пеп Гвардиола потенцира дека Лерој Сане може да напредува во неговата екипа, само доколку е среќен во тимот.
Баерн Минхен е веќе подолг период заинтересиран за неговите услуги, а се шпекулира дека и Сане нема ништо против да се врати во Бундеслигата.
„Клубот му понуди на Сане продолжување на соработката, јас реков многупати, ги сакам играчите кои се среќни со мене. Ќе се обидеме да му помогнеме да биде подобар, затоа што знаеме каков потенцијал има“.
„Тешко е да се најде уште еден таков играч во светот. Сепак, повторувам, сакам моите играчи да бидат среќни кои остануваат во клубот. Кој сака да оди, вратата му е отворена, но јас јасно му порачав дека сакам да остане со нас“, рече Гвардиола.
Сити новата сезона ја почнува на 10 август со натпреварот против Вест Хем.
Извор: sportclub.mk