Во јавноста почна да се актуелизира и шири стара вест, која не е вистинита и е изјава на претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, објавена во април годинава како нова вест, дека наводно во Министерството за здравство како советник работи поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, стои во писменото соопштение испратено од Министерството за здравство.
Од таму велат дека оваа вест не е точна и демантирана е уште во месец април. Никола Тодоров не е советник во Министерството за здравство.