Египет: Првпат откако е откриена во 1922, се реставрира гробницата на Тутанкамон – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/19 12:23 PM

Египет: Првпат откако е откриена во 1922, се реставрира гробницата на Тутанкамон

Експерти ја почнаа обновата на златниот саркофаг на египетското дете-крал Тутанкамон, а тоа се прави првпат откако е откриен гробот во 1922 година, соопшти Министерството за антиквитети на Египет.

Сандакот и прочуената збирка предмети пронајдени во Тутанкамоновиот гроб би требало да бидат централен дел на новиот Гранд египетски музеј што ќе се отвори следната година во близина на пирамидата во Гиза.

Министерствтото соопшти дека саркофагот е довезен пред неколку дена од југот на Египет до Музејот на реставрација, која ќе трае околу осум месеци. Египет од порано најави дека новиот музеј официјално ќе биде отворен до крајот на 2020 година. Изградбата трае 15 години, а во финансирањето учествуваше и Јапонија.

Гробницата на кралот на 18. династија во Долината на кралевите во  Луксор ја откри британскиот археолог Хауард Картер во 1922 година. Беше нечепната, а околу неа се наоѓале околу 5.000 ведни артефакти.