Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди им дал ултиматум на челниците на Јувентус дека имаат време до 10 август да остварат трансфер или тој ќе замине во некој друг клуб.
Според италијанските медиуми, Икарди е подготвен да ја почека Старата дама да реши речиси до почетокот на сезоната, но им даде и рок до кога треба да се реализира неговото доаѓање во Торино.
Доколку Јувентус се откаже од намерата да го донесат Аргентинецот во нивните редови, Икарди има и друга опција, а тоа е да го облече дресот на Наполи.
Моментално поранешниот капитен на Интер тренира сам откако тренерот Антонио Конте го отстрани од подготовките и се обидува да ја задржи формата додека не најде нов клуб.
Инаку, Интер постави цена од 80 милиони евра за Икарди, додека Јувентус е подготвен да плати околу 60 милиони евра. Исто така, во игра влегува и Наполи на кого екипата од Милано ќе му го понуди Аргентинецот за 70 милиони евра на крајот од преодниот доколку веќе нема други опции за него.
МИА