Српскиот кошаркар, Филип Вукосављевиќ минатиот четврток се ожени со француската репрезентативка Валеријан Ајаји, која одлучи да го земе презимето на сопругот.
На нивната, модерно организирана венчавка, имало околу двесте гости, од кои седумдесетина Французи – пренесуваат српските медиуми. Целиот тим на Валеријан, кој неодамна доби сребрен медал, исто така присуствувал на свадбениот спектакл, кој се одржал покрај луксузен базен во Белград.
Откако била послужена и тортата околу полноќ, присутните на оваа свадбена бајка биле сведоци на неверојатен огномет кој траел неколку минути.
На самиот крај од свадбената веселба, младоженецот и неговиот најдобар пријател скокнале во базенот, по што им се придружиле и некои од останатите присутни.