Новата, а долгонајавувана одлука за куќен ред во станбените згради во Србија се’ уште нема стапено на сила, но маж од Белград веќе платил казна од 2500 динари поради неговото дете, кое трчале низ станот.
Имено, Ненад Елезовиќ за „Блиц“ раскажал дека соседите кои живеат во стано под неговиот, истакнале дека им пречи галамата, па решиле да повикаат полиција.
„Се’ почна така што соседот ми забележа дека се слуша галама од мојот стан. Јас го прашав каква, но тој не знаеше да ми објасни. Претпоставив дека тоа може да биде само во оние моменти кога дома е моето двегодишно дете, кое често знае да трча додека си игра, но тој не ми веруваше“, изјавил Ненад Елезовиќ.
Полициските екипи неколку пати дошле на неговата врата.
„Апсурдно е тоа што доаѓаа наутро околу 9 часот, а понекогаш и навечер. Јас им објаснив дека галамата се создава единствено кога моето дете трча низ дома, но тие не ми веруваа“, додава Ненад.
По неколкуте расправии и агонијата која траела околу две години, Ненад одлучил да „пресече“.
„Веќе не можев да издржам, детето почна да добива трауми од константното ѕвонење на врата, па по некое време почнав и да го исклучувам. Дури по плаќањето на казната, ситуацијата се смири“, раскажува Елезовиќ.
Кога Ненад се појавил на суд за да одговара, судијката која била задолжена за неговиот случај, посочила дека не може да напише оти е санкциониран бидејќи детето трчна низ станот. Меѓутоа, како што вели Ненад, не можел да наведе ништо друго бидејќи тоа било единствената вистина.
Тој посочува дека добил опомена и платил 2500 динари.
„Сакам да се зголеми свеста кај луѓето за тоа дека треба да ги оставиме децата да растат на мира. Не може на детето да му забраниш да си игра или да трча“.
Инаку, во Србија новите одредби за куќен ред предвидуваат почитување на мирот и тишината во периодот од 16 до 18 часот, односно од 22 до 5 во работните денови, како и од 14 до 18 за време на викендите. Доколку се прекрши ова законско правило, ќе следи казна од пет илјади динари.