Рибарот Пол Елиот, кој во близина на јужниот брег на Австралија ја пронајде пораката во шише по 50 години откако е напишана, вели дека трага по авторот на пораката.
Елиот изјави за австралиски државен медиум дека, додека рибареле, тој и неговиот син Џијах го пронашле шишето на западниот брег на полуостровотн Ејра во Јужна Австралија.
Додаде и дека трага по авторот на пораката Пол Гибсон, кој себеси во пораката се опишал како тринаесетгодишно англиско момче што патува на крузер долж јужниот брег на Австралија – од Фриментл на западот кон Мелбурн на истокот.