Маж си ја прегази сопругата во сопствениот двор синоќа околу 20 часот во местото Дружоловец кај Велико Трговишќе, Хрватско Загорје.
Неофицијално се дознава дека жената (77) го туркала автомобилот на нагорнина во дворот додека во него седел нејзиниот сопруг. Во еден момент, автомобилот тргнал наназад и ја прегазил и усмртил жената на самото место. Порталот „Загорје“ пишува дека двајцата биле викендаши.