Земјотрес во Струмица, Валандово и околината – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/19 7:16 AM

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,8 е почувствуван синоќа во 21:17 часот од населението во Струмица, Валандово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Епицентарот на земјотресот, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, се наоѓал на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица. Регистриран е од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево.