Димитров: Имаме политичка волја да помогнеме за ФЕТО, но мора да се почитува правниот систем – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/19 11:46 AM

Димитров: Имаме политичка волја да помогнеме за ФЕТО, но мора да се почитува правниот систем

 Кога има долга традиција на блискост и пријателство, тешко е да се зборува за услови. Ако земјите се многу блиски мора да доминира разбирањето. Проблем на нашиот пријател и е и наш проблем, во смисла на политичка волја ќе правиме се да помогнеме, истакна шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на денешната заедничка прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, одговарајќи на новинарско прашање за организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен и соработката во борбата против тероризмот.

Тој информира дека постои извонредна соработка меѓу разузнавачките служби на двете земји. Овде, истакна, немаме докрај одврзани раце, бидејќи имаме и домашен и меѓународен правен систем, што треба да го следиме.

– Процедурата за многу од овие лица е во тек и во Основниот суд Скопје 1 и во Јавното обвинителство. Разговараме и за тоа до каде е процедурата, што се случува, информира Димитров.

На новинарско прашање за шефот на турската дипломатија Чавушоглу, кои ќе бидат чекорите доколку не се одржат ветувањата од страна на нашата држава во однос на движењето на ѓуленистите или како што Турција го нарекува ФЕТО (Фетулистичка терористичка организација), тој беше дециден дека не сака да дава хипотетички одговори и нагласи меѓу другото дека Македонија за Анкара е пријателска земја и не сака да се расипат, туку напротив да се зајакнат пријателските односи. ако можеме да помогнеме спремни сме. – Но нашите очекувања се јасни и сакаме да видиме конкретни чекори, и важно е заеднички да продолжиме, да има резултати во борбата против тероризмот, потенцира Чавушоглу.

– Турција не поддржува, во своја земја не дозволува да дејствува ниту една теористичка организација која е закана за пријателите на Турција. ФЕТО не е закана само за Македонија, а добива поддршка од разни земји и разузнавачки служби, рече Чавушоглу.

Тој им се заблагодари на македонските власти за искрениот пристап во процесот, а затворањето на весникот „Заман Макеоднија”, посочи, е едно од првите позитивни чекори. Уште еднаш потенцира, дека се работи и за стабилноста и безбедноста на Македонија, и затоа „ФЕТО треба да биде искоренета” од нашата земја.

ажно е заеднички да продолжиме, да има резултати во борбата против тероризмот, потенцира Чавушоглу.

МИА