Булеварот „Благоја Тоска“ ќе започне да се пробива наредниот месец, ветија општинските власти. Но на делницата каде треба да помине булеварот има индивидуални објекти за живеење, за кои нема никакви подготвителни активности за уривање.
Ветувањето дека ќе се пробие наредниот месец „Благоја Тоска“ го даде претседателот на советот на Општина Тетово, Беким Мемети.
Тетовци велат дека и ова е едно од серијата празни ветувања на општината за пробивање на булеварите. На делницата каде треба да поминува булеварот, има разни кои треба да се урнат, но за ваквата активност никој ништо не презема, барем треба да има подготвителни активности, посочија граѓаните
Во Тетово има три булевари и ниту еден од нив не е пробиен.
Зоран Димовски