Ако сакате да измешате разни домашни производи за нега на кожа, веруваме дека денешниот текст ќе биде корисен од повеќе причини. Имено, овој рецепт не само што ќе ја смири и нахрани кожата по сончање туку и ќе ја заштити кожата од каснување од комарци.
За спреј за нега после сончање ќе ви биде потребен сок од алое (100 мл), 2 лажици (30 грама) кокосово масло, масло од лаванда (5-10 капки), масло од нане (5-10 капки) и стаклено спреј-шише.
На пареа, во чинија разредете кокосово масло и помешајте го со сок од алое. Потоа отстранете ја чинијата од топлината и додадете масло од лаванда и нане. Кога течноста ќе се излади, истурете ја во шише со спреј. Пред секоја употреба добро протресете.
Алое вера смирува и хидрира, кокосовото масло храни, хидрира и спречува понатамошно сушење на кожата, а маслото од нане и лаванда ја смирува иритацијата и ја лади кожата, додека во исто време одбива комарци.
Извор: denar.mk