Секогаш кога се прави разговор за ефективно губење на тежината, првото нешто што слушаме е: “Исфрлите ги јаглехидратите!”. Дали јаглехидратите навистина претставуваат најголем извор на дебелина и дали треба во целосност да се исклучени од исхраната? Одговорот е не!
За да може нашето тело да функционира потребно е во него да внесете: јаглени хидрати (како извор на енергија), масти (да останете сити) и протеини (за мускулен квалитет).
Значи, не се јаглените хидрати кои влијаеле врз зголемувањето на нашите килограми, тоа е последица на нашиот секојдневен внес на калории. Ако јадете многу повеќе калории, отколку што трошите, едноставно ќе добиете на тежина.
Всушност, исхраната која содржи и протеини и здрави масти и висококвалитетни јагленохидрати, пред се ќе доведат до посакуваното губење на килограми, наместо само да изберете една група на храна на која ќе ја засновате вашата исхрана. Точно е дека за време на вашата диета, фокусот треба да биде на протеините, за телото да може ефикасно да согорува маснотии, но тоа не значи дека треба да ги исфрлите здравите масти и јаглехидрати од исхраната.
За успешно да ослабете, потребно е внесените калории да ги потрошите, затоа не заборавајте на тренинг!
Извор: denar.mk