Скандалозен тендер за раегенси и централизирани лабораторатории, скандалозен тендер за сржта на медицината – стерилизацијата, а сега на повидок е веројатно нов скандалозен тендер за набавка на мамографи, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде тврдат дека за 85 милиони денари ќе се набавуваат осум нови мамграфи.
„Официјалните податоци пак говорат дека во минатото шест мамографи се набавувале во вредност од 35 милиони денари. Разликата е огромна и прашањето е каде ќе завршат парите на граѓаните.Сите се свесни за напредокот на технологијата, но во околности кога министерот се поврзува со толку многу криминални тендери, со толку многу лаги, тешко е дури и да се помисли за искрени намери“, изјави денеска на прес конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа до министерот Венко Филипче јавно адресираше неколку прашања:
Зошто дупло поскапи мамографи?
Пак ли знае однапред, како и за реагенсите, на која фирма ќе и’ го даде и овој тендер?
Дали тендерската документација ја подготвува по теркот на негова фирма?
Дали тендерот ќе го објави кога веќе ќе биде договорен?