Петер Старич: Споменикот на Маланија Трамп ги влошува словенечко-американските односи – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/19 12:37 PM

Петер Старич: Споменикот на Маланија Трамп ги влошува словенечко-американските односи

Лошата дрвена биста на Меланија Трамп, неодамна поставена кај словенечкото гратче Севница, родното место на американската прва дама, треба веднаш да се отстрани бидејќи ги нарушува американско-словенечките односи, смета познатиот словенечки научник, истакнатиот физичар и електроничар д-р Петер Старич (92), кој дел од својата кариера, пред околу половина век, помина во САД.

– Оние што ја направија и поставија таа грдотија од обележје знаеја дека со тоа нема да ги унапредат нашите одниси со САД и можеме да кажеме дека тоа е намерен обид за навредување на американскиот претседател и неговата сопруга. Поради овој наводен споменик на Меланија Трамп, во гробот би се превртувал и авторот на словенечката химна, Франце Прешерн, кој во своите лирски песни ја славел убавината на словенечката жена – вели Старич за љубљански „Репортер“.