Поради здравствената состојба на германската канцеларка Ангела Меркел, во редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се разовара дали таа треба од позицијата да се повлече пред 2021 година, соопштиле партиски извори.
Меркел завчера третпат за кратко време се тресеше. Овој пат при дочекот на финскиот премиер. И покрај тоа што таа инсистира дека се чувствува добро, внатре во ЦДУ веќе се разговарало кога би требало да ја „предаде штафетата“ на својата наследничка Каренбауер, пренесува „Ројтерс“.
Ангела Меркел уште од порано најави дека нема да се кандидира на изборите по завршувањето на овој мандат. „Ројтерс“ додава дека таа немала историја на тешки болести, но оти е под притисок на медиумите да биде поотворена за својата здравствена состојба.