Димитров изрази сочувство за настраданите во невремето на Халкидики – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/19 7:39 AM

Димитров изрази сочувство за настраданите во невремето на Халкидики

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изрази сочувство за настраданите од невремето на Халкидики, во кое животот го загубија седум лица, а повеќе од 100 се повредени.

Во сочувството објавено на Твитер, Димитров вели дека е вџашен од ужасното невреме во областа Халкидики во Грција што резултираше со губење на животи, повредени и значителна материјална штета.

– Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските. Ние сме подготвени да помогнеме за се што е потребно, наведува шефот на дипломатијата.

МИА