Дали може да ја свариме гумата за џвакање?
Гумата за џвакање нашето тело не може во целост да ја свари. И додека состојките како засладувач и шекер телото ги препознава и разградува, остатокот останува во парчиња.
Иако тоа можеби звучи опасно и загрижувачки, несварената гума за џвакање завршува како и другите несварени состојки, како што се кора од овошје или семки, кое телото ги исфрла преку столицата.
Дали секоја гума за џвакање може да се залепи за желудникот?
Најголемата грижа на нашите родители била кога како деца не предупредуваа никако да не ја голтаме гумата за џвакање, бидејќи гумата за џвакање ќе ни се залепи на грлото или желудникот.
Сепак, веројатноста тоа да се случи е многу мала. Вистина е дека ќе биде потребно малку повеќе време да помине низ целиот систем за варење.
Кога голтањето на гума за џвакање може да биде голем проблем?
Многу се ретки случаите во кои голтањето на гума за џвакање може да предизвика здравствени проблеми, а најчесто се поврзани со нарушување на дигестивниот систем предизвикан од дивертикулитис или хронична болест.
Извор: denar.mk