Српска ограда ќе ги разделува Словенија и Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/19 11:53 AM

Српска ограда ќе ги разделува Словенија и Хрватска

Словенечката Влада планира да постави дополнителни 40 километри противмигрантска ограда на границата со Хрватска, а за изработувач и поставувач на оградата е избрана фирма од Србија, која дала најповолна финансиска понуда, објауваат словенечки медиуми.

На конкурсот за оградата на деловите од границата со Хрватска што се сметаат како ризични за влегување на илегелни мигранти, се пријавиле пет словенечки и една странска фирма. За најповолна е избрана понудата на „Леги-СГС“ со седиште во Белград, која е подготвена оградата да ја изработи и постави за 4,8 милиони евра, а словенечките конкуренти понудиле значително повисоки цени.