Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, објави необичен коментар на својот Твитер-профил. Истакна дека распаѓањето на Советскиот сојуз не е најголемата геополитичка катастрофа.
„Распаѓањето на СССР не беше најголемата геополитичка катастрофа на векот. Денеска во Грузија сакам да кажам гласно и јасно: пропаѓањето на Советскиот Сојуз беше благослов за Грузијците, Украинците и за целата централна и источна Европа. А и за Русите – напишал Туск, а пренесуваат агенциите.