Отстранета рачната бомба во Центарот на Прилеп – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/19 2:25 PM

Отстранета рачната бомба во Центарот на Прилеп

Отстранета е експлозивната направа – рачната бомба која беше пронајдена крај кафе-барот „Кафе ин” во центарот на Прилеп.

Полицијата почна да го ослободува просторот за нормално движење на граѓаните и одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од СВР Битола експлозивната направа -рачната бомба ја пронашол околу 12,10 часот, сопственикот на кафе-барот Гоце Т. и веднаш ја алармирал полицијата.

Се чекаше да пристигне единицата за антитероризам од Скопје за да се констатира за што станува збор.

Се уште нема подетална информација за оваа ситуација која ги вознемири и ги шокира прилепчани.