Бројот на заболени од Морбили во Гостивар град кој предничеше со оваа болест рапидно се намалува – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/19 9:07 AM

Бројот на заболени од Морбили во Гостивар град кој предничеше со оваа болест рапидно се намалува

Ако порано во Гостивар за една недела се регистрираа околу 70 заболени од мали сипаници изминатава недела од оваа болест беа заболени 13 лица.

Гостивар и Тетово се меѓу петте градови со најмногу заразени од морбили. Од почетокот на епидемијата до 4 јули, вкупната бројка на пациенти во Тетово е 193, додека на гостиварското подрачје, 80.

Светската здравствена организација препорачува сите патници  кои одат на годишен одмор да го проверат нивниот актуелен вакцинален статус и да се осигурат дека добиле две дози на вакцина која содржи компонента против мали сипаници.

Зоран Димовски