Швајцарија е земјата која се најде на трнот на HSBS листата за земја која е прогласена за најдобро место за работа и живот. Прва позиција пет години беше резервирана за Сингапур, а сега Швајцарија владее со истата.
Високиот животен стандард, конкурентните плати и стабилната политичка и економска ситуација, се главните причини за овој успех на Швајцарија.
Речиси 82 % од луѓето кои заминале во Швајцарија изјавиле дека се премногу задоволни од стандардот кога ќе го споредат со нивните матични земји.
Покрај Швајцарија и Сингапур, на првите места се наоѓаат и Канада, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.