Се чини Оле Гунар Солскјер не отстапува од својата трансфер политика за ангажирање млади фудбалери од Премиер лигата.
Откако кон Манчестер Јунајтед пристапија Даниел Џејмс и Арон Ван Бисака, „Скај Спорт“ пренесува дека следен е Марио Лемина од Саутемптон.
Габонецот кој пристигна во Саутемптон пред две години од Јувентус веројатно ќе го напушти својо досегашен клуб особено бидејќи претходната сезона не имаше адекватна минутажа под водство на новиот тренер.
Гигантот од „Олд Трафорд“ е еден од трите премиерлигаши кој сериозно се заинтересирани за Лемина, а покрај „црвените ѓаволи“ развојот на ситуацијата околу трансферот на овој фудбалер го следат и Арсенал и Лестер.
Извор: sportclub.mk