Индија и Кина изразиле скептицизам во врска со изгледите за новата криптовалута на Facebook – Libra , бидејќи и двете земји сакаат да го ограничат тргувањето на дигиталните валути.
Пекинг е особено загрижен дека дигиталната валута под контрола на САД може да го загрози нејзиниот финансиски суверенитет и затоа размислува за нејзино неприфаќање.
Преку 300 милиони корисници на Facebook и над 400 милиони корисници на WhatsApp во Индија нема да можат да ја користат криптовалуата на Facebook, Libra, кога криптовалутaта ќе падне на пазарот во текот на следната година поради виртуелната забрана која владата ја ставила за дигиталното тргување на валути.
“Дизајнот на криптовалутата на Facebook не е сосема јасен”, изјавил за Bloomberg eкономскиот советник на Индија, Субхаш Гарг.
Иако Facebook сеуште не испратил барање до Владата на Индија за одобрување на Libra, Њу Делхи веројатно нема да го поздрави алтернативниот монетарен систем.
Владата моментално подготвува нацрт закон за забрана и регулирање на официјалниот закон за дигитални валути 2019 во кој се забранува рударење, купување или продажба на криптовалути во земјата.
Потребата да се дадат јасни насоки за криптовалутите станала актуелна во април минатата година кога индиската резервна банка (RBI) издала соопштение во кое на финансиските институции им се забранува учество во трансакциите на виртуелните валути.
Извор: denar.mk