Трет периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе биде објавен денеска во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II”.
Проектот го спроевдуваат Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.
На настанот ќе бидат презентирани наодите од периодичниот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК за периодот јануари – април годинава и ќе се дискутираат клучните аспекти од работата на регулаторните тела во овој период, како и годишните извештаи, транспарентноста во јавните набавки.
МИА