„Улогата на укажувачите во борбата против корупцијата”, е тема на обуката што денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија и Државната комисија за спречување на корупција.
Обуката се организира во рамките на проектот „Зајакнување на укажувачите во Македонија”, финансиски поддржана од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, чиј имплементатор е Транспаренси Интернешнл- Македонија.
Целта е да ја подобри состојбата со заштита на правата на укажувачите и промоција на нивната улога во борбата против корупцијата.