УЕФА експресно демантираше за Аргентина и Лига на нации – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/19 3:57 PM

УЕФА експресно демантираше за Аргентина и Лига на нации

Експресно дојде и демант од УЕФА поради наводните инфорамции дека Аргентина била заинтересирана да игра во Лига на нации.
Информацијата прва ја пласираше Марка, но веднаш тоа беше демантирано.

„Нема вистина во тие информации дека сме ги прашале на Аргентина дали сакаат во Лигата на нации. Тие воопшто не се членки на УЕФА и нема преговори околу тоа“, стои во соопштението на УЕФА.
Аргентина иако го освои 3. место на Копа Америка, сепак според нив тоа е своевиден неуспех бидејки не дојдоа до финале и титула.

Извор: sportclub.mk