Силно невреме синоќа го погоди хрватскиот град Задар и предизвика големи штети. Според локалните медиуми, во невремето паднале повеќе дрвја, а оштетени се и голем број возила и кампови. Бурата траела кратко време, но била проследена со обилен дожд и град.
Најкритично било на истокот на државата во подрачјето на Вуковарско-сремскиот округ каде биле забележани парчиња град со големина на плод од орев.