Невремето во Словенија остави 12.000 домаќинства без електрична енергија – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/19 10:31 PM

Невремето во Словенија остави 12.000 домаќинства без електрична енергија

Силна бура, проследена со силни врнежи,ветер и град, попладнето ја погоди Словенија.
Најпогодени се две области во источниот дел на земјата, Штајерска и Помурје, каде што околу 12.000 домаќинства останаа без струја.
Во Птуј ветерот достигна брзина од над 100 километри на час. Словенечката агенција СТА забележува дека ветерот ретко ја надминува брзината од 70 километри на час во тој дел од земјата.
Градоначалникот на Птуј Нушко Гајшек на Фејсбук објави дека последиците од лошите временски услови се застрашувачки, додека на терес се распоредени на сите достапни пожарникари.
Од невремето настрадаа речиси сите делови на Хрватска. Медиумите јавуваат дека како поседица на силниот град две повозрасни жени се полесно повредени, додека еден маж паднал од покрив. Од силниот ветер искинати се електрични жици, додека едно училиште остана без покрив. Во прекин беше и сообраќајот на патот Ријека – Загреб.

Претходно, порано во текот на денот, Европскиот центар за прогнозирање на бури издаде предупредување од највисок степен за подрачјето на Словоенија, Хрватска, Босна и Хервеговина и Србија.