Кога последен пат се бакнавте? Денес тоа секако треба да го направите, бидејќи на шести јули се одбележува светскиот ден на бакнувањето. По тој повод еве неколку интересни факти за бакнувањето… Не’ прави среќни… Додека се бакнуваме се лачи мнозинството на хормони и неуротрансмитери кои ни го подобруваат расположението, како што се адреналинот, серотонинот и допаминот. Придонесува за здравје и виткост…
Бактериите кои ги разменуваме додека се бакнуваме го поттикнуваат имунолошкиот систем да произведува антитела. Со само еден бакнеж во просек се согоруваат две калории. Според тоа, за да “потрошиме“ парче торта со јагоди и шлаг би морале да се бакнеме 25 пати. Во еден страстен бакнеж бакнеж учествуваат 36 мускули од лицето, а уште едно позитивно дејство на бакнувањето е тоа што крвниот притисок накратко расте, пулсот може дури и да се дуплира, а телесната температура се зголемува за 0, 5 степени. Дозволено е дури и кога сме настинати…