На Боки/Коки никој ништо не му може, а најмалку АВМУ – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/19 5:49 PM

На Боки/Коки никој ништо не му може, а најмалку АВМУ

Најавата дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) по втор пат ќе ја испитува сопственоста на 1ТВ, тешко дека некој може да ја сфати сериозно. На вчерашната седница директорот Зоран Трајчевски ја изнесе иницијативата по втор пат во шест месеци да се испитува дали тоа Бојан Јовановски е вистинскиот сопственик на оваа телевизија.
– Лицето Бојан Јовановски во повеќе наврати на неговиот медиум, меѓутоа и на информации пренесени и во други медиуми, јавно изјавува дека е сопственик на телевизијата 1ТВ, што е спротивно на податоците со кои што располага Агенцијата и спротивно на член 34 од Законот за адуио и аудиовизуелни медиумиски услуги со кој што не е дозволено тајно содружништво, односно скриен сопственик, изјави Трајчевски.
На оваа најава од телевизијата се посомневаа „дека доколку 1ТВ не би постоела, Агенцијата не би имала со што друго да се занимава“. Се чини, сосема се во право, бидејќи и за една друга телевизија и покрај понудените аргументи на двапати се отвораше истрагата за концентрација на сопствеништвото и двапати не успееја да го видат видливото. АВМУ гледа таму само каде сака да види прекршување на законот.
Ќе потсетиме на случајот од почетокот на годината, кога АВМУ ја проверуваше сопственоста на ТВ 24, откако основачот на кабелската телевизија Телекабел Роберт Димитров, во видео интервју, отворено призна дека Телевизијата 24 е негова и ја има во партнерство со негов познаник од Австрија. Законот за АВМУ не дозволува кабелски оператор да се јави како сопственик или друг вид на поврзаност со електронски медиум.
Затоа Боки/Коки може да биде спокоен. Ова од АВМУ е димна бомба, претстава пред спуштаење на завесата на овој состав во заминување. На Боки/Коки никој ништо не му може, а најмалку Агенцијата, која до сега покажа дека не гледа подалеку од интересите на оние кои дебело плаќаат. Законот? На хартија, да се најде на новиот состав.