Сонцето, освен што ни дава убав и исончан тен, понекогаш може да ни направи и изгореници, особено ако не се придржуваме до добро познатите правила за заштита.
“Изгореници од сонце се видлив знак за оштетување на кожата. Тие значат дека ултравиолетовото (UV) зрачење кое предизвикува производството на слободни радикали можат да бидат многу штетни за кожата, а освен тоа ги поттикнува и ензимите во разградување на колагенот”, изјави дерматологот Др. Рајани Ката.
Изгорениците можат да биде многу непријатни и болни, така, со цел да се олесни непријатноста во текот на денот, но и ноќта, за почеток направете ладни облоги.
“Потопете пешкир во ладна вода, а потоа ставете го на кожата и оставете го така 10 до 15 минути. Потоа нанесете хидратантна крема без мирис додека кожата сеуште е влажна. Важно е да се избегне иритација на кожата која може да биде предизвикана од пот или ткаенина”, тврди Д-р Ката.
Се разбира, секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи, затоа со паметно изложување на сонце непријатностите може лесно да се избегнат.
Извор: denar.mk