Кривичниот суд ја одбил молбата од Сеад Кочан за одлагање на извршувањето на санкцијата.
„Молбата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката“ рекоа од Судот.
Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како,,Труст“ изготви и достави упатен акт за Сеад Кочан, според кој тој на 17 јули треба да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа, соопштија од Судот.
Кочан со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор од 4 години и 8 месеци откако Апелација во март годинава му ја намали првостепената казна од 6 години на која беше осуден за злоупотреба на јавна набавка во јули 2018.
Кочан побара да му се одложи издржувањето на затворската казна според една од осумте точки предвидени во законот која се однесува на итна незавршена работа и законот предвидува дека осудениот може да добие одложување на казната до најмногу 3 месеци.
новатв