Најубавите плажи на Балканот – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/19 5:01 PM

Најубавите плажи на Балканот

Дали одлучивте каде ќе одите оваа година на летување? Доколку досега не сте имале прилика да ги посетите плажите на Балканот во текот на летниот период, сега имате прилика. Ако планирате да летувате во овој дел од светот, треба да знаете дека нема да ви е потребна огромна сума на пари.

Овој пат ви ги претставуваме најубавите плажи во регионот, почнувајќи од Црна Гора, Хрватска, тука секако е и Македонија, Бугарија. Секоја од овие земји има своја природна убавина и амбиент што може да ви се допадне, така што, веруваме дека и сами ќе сфатите дека не ви се потребни егзотични патувања за одличен одмор.

ЦРНА ГОРА
Во случај ова лето да сакате да ја посетите Будва, мора да ја посетите Краљичина плажа. Се работи за совршено место, опкружено со величенствени планини и огромни ѕидови. Како се доближувате на плажата, лесно ќе се внесете во амбиентот што таа го нуди.

Имате прилика да ја откриете убавината на градот Будва, што има повеќе од 3.000 години историја. Ве советуваме да одвоите малку време и за тоа, после опуштањето пред море. Доколку појдете до старите градби на градот, ќе имате прилика да уживате во прекрасната панорамска глетка.

ХРВАТСКА
Познатите хрватски острови се популарна дестинација за туристите од целиот свет вклучувајќи ги и познатите личности. Хрватска е малку поскапа во однос на другите дестинации, но сето тоа се исплати, кога ќе видите каде сте дојдени. Третиот остров по големина во Хрватска, Брач, и се наоѓа во Далмација.

Ве советуваме да ја посетите Видова гора, тоа е најголем врв на овој остров, и може да се пофали со својата голема песочна плажа, што е опкружена со беспрекорна сина вода. „Златни рат“ и „Златни рог“ се можеби најубавите европски плажи, па затоа во текот на целата сезона можете да очекувате големи гужви на овие места.

БУГАРИЈА
Несебар се смета за гордост на Црното Море, а на своите посетители им нуди голем број на одморалишта и знаменитости. Оваа летна дестинација нуди мирна и тивка атмосфера, што е совршена за мирен одмор со семејството или со саканата личност. Сепак, ако дојдете овде со пријателите, сигурни сме дека ќе пронајдете некаква забава.

„Sunny Beach“ е едно од најголемите одморалишта на оваа дестинација, каде што воедно се оддржуваат и најдобрите летни забави. Што се однесува до сместувањето, цените се сосема поволни, луѓето се гостопримливи и услугата е квалитетна. Љубителите на пливањето можеби ќе ги разочара оваа дестинација, бидејќи времето е променливо, па во средина на денот може да ве изненади ладен ветер, со предупредување од црвено-жолти знаменца дека пливањето не е препорачливо.


МАКЕДОНИЈА
Охридското езеро и неговата ривиера се дефинитивно најдобри претставници за уживање на Балканот. Додека сте во градот Охрид, можете да уживате во неговите улици и улиците на Стариот град, да ги посетите културните и историските знаменитости, спомениците и црквите.

Охрид ќе ви понуди единствено летно искуство, со најповолни цени во овој дел од светот. Најубавата Охридска плажа е Љубаништа, а ви нуди и доволно простор и опуштена атмосфера опкружена со мир и чиста вода. Најубаво време за посета на плажата е 18ч, бидејќи тогаш ќе имате прилика да уживате во прекрасното зајдисонце.