Во Тетово има само една велосипедска патека и таа узурпирана – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/19 2:33 PM

Во Тетово има само една велосипедска патека и таа узурпирана

Во Тетово има само една велосипедска патека на булеварот „Маршал Тито“, но и таа на одредени места е зафатена од автомобили и паркирани мопеди. Од граѓански комуникации, на тетовци им доделија флаери како дел од нивната кампања сакиаме велосипедски патеки.

Навиката на граѓаните и за мали релации да излезат од дома со возило никако да престане.

Затоа Тетово не го одминува сообраќајниот хаос посебно во летниот период.

Дел од граѓаните сакаат и велат дека велосипедот е најдобро превозно средство за Тетово, но истовремено е и ризично, затоа што во градот  има само една велосипедска патека на булеварот „Маршал Тито“ но и таа на одредени места е зафатена од автомобили и паркирани мопеди.

Од граѓанските инцијатив, на тетовци им доделија флаери како дел од нивната кампња сакаме велосипедски патеки. На инцијативата се приклучија голем број на граѓани.

Од иницијативата „Граѓански комуникации“ неодмна организираа и инцијатива за почист град со акцент на дивите депонии кои се појавуваат особено во стариот дел на Тетово.

Зоран Димовски