Латас и неговите браќа прогласени за невини во случајот „Тревник“ на СЈО – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/19 8:49 AM

Латас и неговите браќа прогласени за невини во случајот „Тревник“ на СЈО

Новинарот, Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ добија ослободителна пресуда во случајот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Тие беа обвинети за бесправна градба на три викенд куќи во Зелениково. СЈО бараше судот да ги осуди тројцата браќа за бесправно градење и да им ги одземе викендичките. Сепак, на денешното рочиште судијката Марија Клетничка Марковска истакна дека обвинетите се ослободуваат од обвинение согласно член 401 од Законот за кривична постапка, бидејќи делото за кое се обвинети не е кривично дело.

Трошоците на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот на Република Северна Македонија – посочија од судот.

Првото рочиште за „Тревник“,  се одржа на 14 март 2018 година.