Конференција за размена на добри практики за рамномерен регионален развој – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/19 7:34 AM

Конференција за размена на добри практики за рамномерен регионален развој

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во Велес ќе присуствува на отворањето на Меѓународната Конференција за размена на добри практики во областа на рамномерен регионален развој на Вардарски плански регион.

Конференцијата се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”,  финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа ма конференцијата ќе присуствуваат Аце Коцевски, претседател на Советот на Вардарскиот плански региони и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада.

МИА