Никако да ги научиме знамињата, барем тие на земјите членки на ЕУ. Денеска Општината Охрид на општинската интернет страница информираше дека претседателката на Советот, Живка Ангелоска , имаше протоколарна средба со Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. На средбата се разговараше за досегашната и можноста за продлабочување на идната соработка, стои во информацијата.
Во прилог на оваа вест има и фотографија на која се гледа македонското и холандкото знаме.
Не е прв пат протоколарните средби на нашите централни и локални власти да ги следи поставување на погрешно знаме на друга држава. Најекспонирана беше посетата на австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој беше пречекан со знаме на Латвија.