Мицкоски за Рашковски: Tреба да сфати дека е генерален секретар на Владата, а не директор на боксерски клуб – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/19 6:14 PM

Мицкоски за Рашковски: Tреба да сфати дека е генерален секретар на Владата, а не директор на боксерски клуб

,,Имав можност блиц да ја проследам онаа несреќна прес конференција на генералниот секретар Драги Рашковски. Човекот признава дека е дел од скандалозно криминално дејание, кажа дека го прави по задача на негов претпоставен, и тој претпоставен е премиерот на владата Зоран Заев“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа.

Мицкоски укажа дека нема намера да ги коментира како што рече „примитивните испади“.

,,Јас нема да ги коментирам испадите. Тоа е примитивното однесување на овие луѓе кои се декларираат како проевропски, тие се обични примитивци а само се декларираат како проевропски ориентирани граѓани. Рашковски е генерален секретар на Владата, не е претседател на боксерски клуб“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека Рашковски се заканува на институции, поединци, новинари, а тоа како што додаде е крајно недозволиво. Човекот, вели, Мицкоски, мора да сфати дека е генерален секретар на Владата.