Капитал:Штрајк на морнарите во Грција,илјадници туристи ,,заробени“ на островите – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/19 5:06 PM

Капитал:Штрајк на морнарите во Грција,илјадници туристи ,,заробени“ на островите

Грчките фериботи и други патнички бродови останаа денес во пристаништа, бидејќи морнарите влегоа во еднодневен штрајк, барајќи повисоки плати.

Синдикатот PNO, барајќи плата во согласност со колективниот договор, започна штрајк, оставајќи илјадници туристи „заробени“ и бројни острови изолирани  во тек на 24 часа.

Неколку десетици грчки острови немаат аеродроми и може да се стигнат само по морски пат.

Здружението за превоз на патници изрази изненадување кога беше закажан штрајк кон крајот на јуни, наведувајќи дека оваа година понудило  зголемување на платите за два проценти, со ретроактивно зголемување од два проценти за претходната година.

Вели и дека таквото покачување е над реалните можности на здружението, бидејќи горивото поскапело за 50%, објави АП.

капитал.мк