Една од многубројните ѕвезди на Реал Мадрид, Марсело ги брои последните денови од летниот одмор пред да почнат подготовките за новата сезона.
Искусниот лев бек одморот го поминува во Бразил, а денес се најде во центарот на скандал.
Откако бил сопрен од полицијата, Марсело одбил алкотест па полицијата го уапсила и му ја одзела возачката дозвола на година дена. Освен тоа Бразилецот е казнет и со 600 евра.
Ова не е првпат Марсело да има проблем со законот и кршење на сообраќајните правила. Пред шест години беше казнет со 6000 евра поради прекршок во Мадрид.
Извор: sportclub.mk